Нашиот
Револуционерен SaaS во комбинација со најдобрите m2m технологии, кој на сопствениците на возни паркови им дава моќни и едноставни алатки за намалување на трошоците за управување и гориво, зголемување на продуктивноста и спречување несреќи.
Поврзани уреди
0
k
Земји
0
Поддржани уреди
0
Нашата
ГПС Следење
Следете ги вашите возила во реално време и имајте ги на увид сите податоци
Мобилни Апликации
Прегледувајте ги вашите возила или претворете било каков паметен телефон во ГПС уред за следење
Податоци од CAN
Километража, работни часови, гориво, вртежи и кодови за грешки од CAN магистралата
Следење Лица
Уред што се носи со себе, со копче за итен случај, локација во живо и батерија за недели
Мониторинг На Возачи
Превенирајте незгоди и подобрете ја работата со видео мониторинг на вашите возачи
Глобална Покриеност
Нашата услуга работи беспрекорно во 165 земји и над 350 роаминг оператори ширум светот
ГПС Следење
Следете ги вашите возила во реално време и добијте детални информации за нивната локација, брзина, статус на сензори, ниво и потрошено гориво. Подобрете ја сигурноста и продуктивноста на вашата компанија и намалете ги трошоците за одржување. Имајте увид на се што се случува со вашите возила
- Следење во живо
- Историја на движење
- Напредни извештаи
- CAN поврзување
- Ограничување на брзина
- Податоци за гориво
- Гасење на мотор
- Идентификација на возач
- API интеграција
- Однесување на возачи
Податоци од CAN
Возилото веќе ја знае својата километража, нивото на гориво и оптоварувањето на моторот. Читањето директно од CAN магистралата значи дека бројките во извештаите се на самото возило, а не проценка, а кодот за грешка се појавува како податок пред да се појави како дефект на пат
- Километража од возилото
- Работни часови на мотор
- Ниво и потрошено гориво
- Вртежи на моторот
- Температура на разладна
- Кодови за грешки (DTC)
- J1939 и J1708
- Реална потрошувачка
Следење Лица
Преносен ГПС уред со копче за итен случај и батерија од 10.000mAh. Локација во живо, безбедни зони и известување во моментот кога ќе се побара помош — за деца, за постари лица и за вработени што работат сами
- Копче за итен случај
- Локација во живо
- Безбедни зони
- Батерија 10.000mAh
- Водоотпорен
- Работи во странство
Мониторинг на Возачи
Користејќи DMS technology, G400D уредот ја снима ситуацијата на патот и внатре во кабината притоа препознава како се однесува и што се случува со возачот во кабината, дали е уморен, деконцентриран, поспан исто така препознавајќи дали возачот пуши, дали е врзан појасот и дали гледа напред на патот. Сите податоци и аларми се испраќаат во реално време
- Спречете незгоди
- Нагло кочење
- Аларм за поспаност
- Деконцентрирано возење
- Нагло забрзување
- Аларм за пушење
- Брза инсталација
- Решавање на спорови
Контрола на Тахограф
Преземајте ги податоците од тахографот преку мобилната мрежа, без враќање на возилото во база. Нашиот напреден ГПС уред се поврзува со речиси сите тахографи, преку D8 или преку CAN, и ги презема датотеките од картичката на возачот и од меморијата на возилото по распоред што вие го одредувате
- Далечинско DDD преземање
- Датотеки од картичка
- Меморија на возилото
- Без враќање во база
- D8 и CAN тахографи
- K-Line во живо
- Автоматски распоред
- Спремно за инспекција
Глобална Покриеност
Things Mobile IoT СИМ картицата автоматски го поврзува вашиот уред со операторот со најдобар сигнал и покриеност во повеќе од 165 земји и над 350 роаминг оператори ширум светот
- 165 оператори
- Далечинско управување
- СМС пораки
- Повеќе оператори
- Резервна мрежа
- IoT поврзување
- M2M подготвено
- 4G со 2G резерва
Android и iOS Aпликации
Прегледувајте ги вашите возила или претворете било каков паметен телефон во ГПС уред за следење и користете ги сите функционалности на нашиот систем како што се: следење во живо, напредни извештаи, историја на движење, аларми итн.
- Следење во живо
- Комуникација со возач
- Испраќање позиции
- Управување со задачи
- Следење на смартфони
- Идентификација на возач
- Навигација
- Историја на движење
1
1255075100
Контакт
Испратете ни порака и ќе ве контактираме во најкус можен рок
Адреса
Каирска 6, 1000, Скопје
Македонија


