Мониторинг на возачи
Уморот и невниманието зад воланот се меѓу најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди. Системот за мониторинг на возачи ги препознава овие состојби додека се случуваат и го предупредува возачот навреме.

Камера со препознавање (DMS)
Уредот G400D ја следи состојбата на возачот и реагира на:
- знаци на поспаност и затворање на очите
- невнимание и подолго гледање настрана од патот
- користење телефон во движење
- пушење во кабината
- отсуство на возач од седиштето додека возилото е активно
При препознаена состојба возачот добива звучно предупредување во кабината веднаш. Настанот се запишува и се препраќа до платформата со време, локација и снимка.
Возачко однесување
Независно од камерата, уредот го анализира и начинот на возење: нагло забрзување, нагло сопирање, остро свртување и пречекорена брзина. Од тоа се формира оценка по возач, што овозможува споредба и следење на напредокот низ времето.
Ова е основа за системи на наградување — возачите со најдобра оценка обично трошат помалку гориво и предизвикуваат помалку штети.
Идентификација на возач
Со картичка или таг, секое возење се поврзува со конкретно лице. Кога едно возило го делат повеќе возачи, извештаите се водат по возач, а не само по возило.
Најчесто поставувани прашања
Дали снимката се чува постојано?
Не. Се зачувуваат само настаните — краток период пред и по препознаената состојба — а не непрекината снимка.
Како стои ова со заштитата на личните податоци?
Системот обработува лични податоци, па пред воведување работодавачот треба да ги информира вработените и да ја уреди основата за обработка. Ви помагаме околу техничките поставки, но правната основа е обврска на компанијата.
Дали работи ноќе?
Да. Камерата користи инфрацрвено осветлување и функционира и во темнина и кога возачот носи очила.
Побарајте понуда
Кажете ни колку возила имате и што сакате да следите, и ќе ви подготвиме понуда со точна цена по возило.
Нарачка и понуда
Бесплатен пробен период
Или јавете се на +389 2 306 1625 — Каирска 6, Скопје.
