Управување со возен парк

Кога возниот парк има повеќе од неколку возила, поединечното следење не е доволно. Потребен е преглед на целината: кои возила работат, колку чинат, кој ги вози и каде се губи време.

Преглед на целиот возен парк

Сите возила се на една мапа и во една табела, со моменталниот статус на секое. Возилата се групираат по оддел, локација, тип или проект, а секој корисник гледа само она што му е доделено — возачот своето возило, раководителот на секторот својата група, управата сè.

Трошоци и искористеност

Извештаите ги покажуваат километрите, работните часови и потрошувачката по возило и по период, што овозможува споредба меѓу возила од иста класа. Тука обично се гледаат и првите заштеди: возило што троши забележително повеќе од идентично возило на иста релација има или технички проблем или проблем во начинот на возење.

Часовите на празен од се посебна ставка. Мотор што работи додека возилото стои троши гориво без да произведе ниту еден километар, а во возен парк од дваесет возила тоа станува значаен износ на годишно ниво.

Работно време и одржување

Системот го евидентира почетокот и крајот на работниот ден според вистинското движење на возилото, не според вклучување на моторот. Тоа дава реална слика за одработените часови.

Километражата се следи автоматски, што овозможува потсетници за сервис, регистрација и осигурување пред да истечат, наместо да се води евиденција рачно.

Идентификација на возач

Со читач на картички или таг, секое возење се поврзува со конкретен возач. Кога едно возило го користат повеќе луѓе, извештаите за километри, брзина и однесување се водат по возач, а не само по возило.

Интеграција со вашите системи

Податоците се достапни преку API, што значи дека можат да се внесат директно во вашиот ERP, систем за фактурирање или интерен извештај. Ова се користи за автоматско пресметување на патни налози, наплата по изминат километар и известување на клиент за пристигнување на пратка.

Најчесто поставувани прашања

Колку возила се потребни за да има смисла?

Разликата се забележува веќе од пет возила. Кај поголеми паркови ефектот е поизразен затоа што рачното следење станува невозможно.

Дали секој вработен ќе ги гледа сите возила?

Не. Пристапот се доделува по корисник, така што секој гледа само она што му е потребно.

Може ли извештаите да пристигнуваат автоматски?

Да. Извештаите може да се закажат да се испраќаат на е-пошта дневно, неделно или месечно.

Побарајте понуда

Кажете ни колку возила имате и што сакате да следите, и ќе ви подготвиме понуда со точна цена по возило.

Нарачка и понуда

Или јавете се на +389 2 306 1625 — Каирска 6, Скопје.

Контакт

Испратете ни порака и ќе ве контактираме во најкус можен рок

    Адреса

    Каирска 6, 1000, Скопје
    Македонија

    Телефон

    +389 2 3061-625WhatsAppViber