Контрола и мерење на гориво

Горивото е најголемиот променлив трошок во секој возен парк и најтешко се проверува рачно. Со мерење во реално време се гледа колку гориво влегло во резервоарот, колку е потрошено и кога нивото паднало без возилото да се движи.

Два начина на мерење

Постојат две технологии и изборот зависи од возилото:

  • Преку CAN магистралата. Уредот се поврзува на фабричката електроника на возилото и ги чита податоците што возилото веќе ги пресметува — ниво на гориво, вкупно потрошено гориво, вртежи на моторот, температура и грешки. Не се дупчи резервоарот и монтажата е побрза.
  • Преку сонда во резервоарот (FLS). Кај постари возила, машини и цистерни каде CAN не е достапен или не е доверлив, се монтира посебна сонда. Оваа метода е попрецизна за откривање на кражба затоа што мери директно во резервоарот.

Кај мешан возен парк вообичаено се комбинираат двете, во зависност од возилото.

Откривање на кражба

Системот го следи нивото континуирано. Кога ќе се забележи нагло опаѓање што не одговара на нормална потрошувачка, се генерира аларм со точното време и локација. Бидејќи податокот е поврзан со позицијата, веднаш се гледа каде се случило.

Прагот на осетливост се поставува по возило, за да не се јавуваат лажни аларми кај возила со голем резервоар или кај теренски услови каде горивото се преместува во резервоарот.

Полнења на резервоарот

Секое полнење се евидентира со количина, време и локација. Тоа овозможува спорeдба со фактурите од бензинската пумпа — количината пријавена на сметката треба да одговара на количината што навистина влегла во резервоарот.

Реална потрошувачка

Извештајот за потрошувачка ги комбинира изминатите километри со потрошеното гориво и дава просек по возило и по возач. Со тоа се откриваат возила со технички проблем и возачи чиј стил на возење чини значително повеќе.

Најчесто поставувани прашања

Дали монтажата го оштетува возилото?

Поврзувањето преку CAN не бара никаква интервенција врз резервоарот. Кај сонда се врши монтажа во резервоарот од страна на наш техничар, по стандардна постапка што не влијае на гаранцијата на возилото кај повеќето производители — ова го проверуваме пред монтажа.

Колку е прецизно мерењето?

Сондата е попрецизна од фабричкиот покажувач и типично отстапува во рамки на неколку проценти. Мерењето преку CAN зависи од тоа колку прецизно самото возило го пријавува нивото.

Дали работи на градежни машини и агрегати?

Да. Кај машини што не поминуваат километри, потрошувачката се пресметува по работен час наместо по километар.

Побарајте понуда

Кажете ни колку возила имате и што сакате да следите, и ќе ви подготвиме понуда со точна цена по возило.

Нарачка и понуда

Или јавете се на +389 2 306 1625 — Каирска 6, Скопје.

Контакт

Испратете ни порака и ќе ве контактираме во најкус можен рок

    Адреса

    Каирска 6, 1000, Скопје
    Македонија

    Телефон

    +389 2 3061-625WhatsAppViber